(Галерија) Како изгледа „Македонија палас„, во Солун, во кој Заев ќе слави Нова Година

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, во изјава за „Вима“, освен што рече дека тој не го поканил за Нова Година, премиерот Зоран Заев, туку дека тој самиот се поканил, откри и во кој хотел ќе престојува.

„Дознав дека повеќе од 15 негови пријатели резервирале соби во хотелот “Македонија палас“ во Солун. Јас не се вклучив во тоа. Ако ми се јави, ќе одам да го видам, ако не, нека ја помине Нова година со своите пријатели“, вели за Вима, градоначалникот на Солун.

еМагазин побара потврда од Владата дали Заев ќе престојува во „Македонија палас„, а прашавме и со кого оди во Солун, кога заминува и колку време ќе престојува.

Од Владата добивме краток одговор, дека станува збор за приватна посета и не открија детали.

Неофицијално дознаваме дека не е точен податокот дека 15 пријатели на Заев резервирале соби во овој хотел.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Заев и градоначалникот Бутарис ќе вечераат заедно во Солун

Бутарис: Заев сам се покани да дојде во Солун за Нова година


Хотелот „Македонија палас“ се наоѓа во централното подрачје на Солун, лоциран на познатото шеталиште покрај Егејско море.

Во негова близина е и познатиот симбол на градот, Белата кула, а многу блиску е и канцеларијата на Бутарис.




 



Хотелот важи за еден од подобрите и беше реновиран пред неколку години.



Според booking.com, вчера, соба во овој хотел за 31 декември, чинише 13.846 денари или околу 230 евра.

Фото: Македонија палас

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.