Се раздвижува пазарот за производство на масло од канабис, ќе падне ли конечно и цената

2351 Views Декември 29, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Медицал 420 увоз-извоз ДОО Битола е третата компанија која во земјава се вклучува во бизнисот со производство на канабис за медицински цели.

Таа од Владата доби дозвола, за вршење на дејност одгледување на коноп за медицински цели. 

Иста дозвола за одгледување на канабис или популарно марихуана има и Холдингот NYSK, која произведува и масло.

Македонската компанија Реплек, прва пушти масло од канабис на македонскиот пазар, а компанијата не произведува, туку набавува марихуана.

Маслото на NYSK треба да се појави на пазарот на крајот на јануари, а првата берба на марихуаната таму заврши, велат од компанијата.

Од Холдингот најавија дека корисниците ќе добијат многу квалитетни производи и истите ќе бидат поевтини од оние производи кои во моментов се наоѓаат на домашниот пазар.

Една од главните забелешки на граѓаните кои имаат потреба од оваа масло беше тому цената, како и ниската концентрација на психотропната супстанција ТХЦ (тетрахидроканабинола) која се наоѓа во канабисот и која има најголемо влијание во лечењето на некои тешки болести.

Маслото од канабис од NYSK, исто така ќе има висока концентрација на психотропната супстанција ТХЦ.

Во Македонија во моментов е дозволена употребата на маслото од канабис во медицински цели во лечење на четири болести - рак, ХИВ, мултиплекс склероза и епилепсија.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Медицал 420 од Битола ќе одгледува канабис за медицински цели

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.