Казнети 15 трговци во Србија- договарале екстремни цени на спортска опрема

783 Views Декември 29, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Антимонополската комисија во Србија казни 15 трговци на спортска опрема затоа што се здружиле во картел. Истата опрема беше поскапа во Србија отколку во многу побогати земји, јавија српски медиуми.

Високите цени на патиките и другата спортска опрема во спортските продавници поголеми од многу побогати земји станаа малку појасни. Петнаесет српските компании се договарале за цените и за условите за продажба.

Нивното здружување сега ќе ги чини точно 45.279.976 динари (390.000 евра). Толкава казна им пропиша Комисијата за заштита на конкуренцијата, бидејќи меѓусебно склучувале договори со кои се обврзувале дека ќе се придржуваат кон договорниот ценовник. Најголемиот товар на картелот „ќе го поднесат“ три трговски куќи.

Претпријатието „Ен спорт“, од каде што доаѓале сите насоки кон останатите делови од ова „здружение“, е казнето најмногу. Тоа треба да плати 16.525.133 динари. Нешто помалку 15.850.570 динари е одредено на претпријатието „Ѓак“, а Планети спорт - 5.212.578 динари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.