Бугарија презема за првпат шестмесечно претседавање со Европската унија

Бугарија презема за првпат шестмесечно претседавање со Европската унија.

Се очекува фокусот на бугарското претседателство да биде врз политиката за миграциска реформа и други проблеми.Во декември лани лидерите на ЕУ се обврзаа да постигнат компромисен договор за реформа на европскиот систем за давање азил.

Бугарија ќе има за цел да ги подобри преспективите за членство во ЕУ на држави од Западен Балкан.

Се очекува на 17 мај во Софија да се одржи средба на високо ниво меѓу лидери на ЕУ и нивни колеги од регионот.

„Кога зборуваме за обединета Европа не треба да заборавиме дека Западен Балкан има потреба од јасна европска перспектива и врски меѓу себе и со државите членки“, наведува Бугарија на сајтот на европското претседателство.

Претходен ротациски претседавач со ЕУ беше Естонија. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.