(ВИДЕО) Жителите на Калифорнија освен Новата година ја прославија и легализацијата на марихуаната

555 Views Јануари 2, 2018 Свет Никола Осило

Новата година во Калифорнија донесе и легализација на марихуаната за рекретивно користење, што беше причина за голема прослава во една од најголемите американски држави.

Пред 14 месеци, жителите на Калифорнија ја изгласаа историската одлука, која стапи на сила дури 20 години откако таа стана првата сојузна држава која ја легализираше медицинската марихуана.

Околу 90 продавници добија лиценца да продаваат марихуана веднаш по нова година, но се очекува нивниот број да расте во наредните недели.

Марихуана ќе може да купи секој што има над 21 година и најмногу ќе смее да поседува 28 грама или шест стебла дома.

Калифорнија очекува и голема финансиска добивка од оваа одлука односно се проценува дека до 2020 година овој пазар ќе вреди седум милијарди долари годишно.

Фото:Elpais/видео:livesattelitenews

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!