Нова година, нова работа и повисока плата, како да дојдете до неа?

871 Views Јануари 2, 2018 Office Редакција Емагазин

Го поминавте интервјуто за работа, работодавецот е задоволен со вас – но, остана уште една ставка, платата. Секогаш деликатна тема за разговор, а веројатно и најнепријатна. Работодавецот во оваа ситуација гледа да помине „што подобро“, а тоа значи вие да земате помалку пари.

Вашата цел, секако, е да поминете што подобро, а доколку за месечниот надомест се разговара, односно преговара, овие совети ќе може да ви помогнат да ја зголемите „сумата за плата“.

„Бизнис инсајдер“ ви го пренесува разговарот со тројца агенти од областа на управувањето со човеките ресурси, кои ги советуваат кандидатите како да ги убедат работодавците да им дадат поголема плата.

Секогаш дозволете работодавачот да ја даде првата понуда: Додека тој не ја каже сумата, вие не ја споменувајте.

Не се распрашувајте премногу за просечната плата: Веројатно имате информации за просечните плати во компанијата, пред да одите на интервју. Но, мора да бидете внимателни да не прашувате луѓе кои таму работат долго време.

Секоја компанија има лимит, којшто ќе го потроши на вас, секогаш ви нудат помалку, но доколку вие ја надминете најголемата сума што тие ја имаат во глава – елиминирани сте. Така што, за време на „истрагата“ за финансиската сила на компанијата, мора да бидете тивки и дискретни.

Подобро поголем простор за исплата, отколку директна цифра: Значи, секогаш тргнете од „би се согласил на сума ‘меѓу таа и таа’, отколку „нема да работам за под толку“. Тоа остава подобар впечаток и имате основа за преговори, ќе ја видите реакцијата на работодавецот, а притоа секогаш сте во предност бидејќи испраќате позитивни сигнали за продолжение на преговорите.

Кажете „чудна“ и приближна сума: Експертите откриваат дека подобро е да се користат „чудни“ суми (непарни), наместо округла сума.

Искоритете ја „картата“ на контрапонуда: Ако на пример, работодавецот ви каже дали би сте се согласиле на месечна плата од 20.000 денари, вие кажете 25.000 денари. Но, контрапонудата можете да ја користите само еднаш. Премногу пазарење е фрустрација за двете страни.

Изгледајте возбудено, но не премногу: Ентузијазмот и среќата морате да ги покажете, но ако покажете премногу, докажавте дека штотуку сте излегле од екстремен очај. Работодавецот секогаш бара личност која е подготвена и сериозна во намерите. Не сака некој кој „ќе изгори од желба“. Таа слабост ја покажувате кога претерано се возбудувате поради новото работно место.

Секогаш кажете го точниот износ на плата од претходното работно место: тие работи секогаш можат да се проверат без проблем, а никој не сака лажго во своето работно опкружување. А, сигурно не сакате да почнете нов работен однос со ставката „лажел“ во биографијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести