Како финансиски да го преживеете јануари, а да не паднете во должничко ропство

Јануари како и секоја година е ист кога станува збор за потрошувачката еуфорија. Шопингот почнува уште пред Новата Година кога сите се подготвуваат за најлудата ноќ, се подготвува трпезата, се купува нова облека.

Потоа трошоците продолжуваат за Бадник и Божиќ, потоа следи Стара Нова Година, Водици. Се чини на празниците им нема крај, а крај има на новчаникот кој се чини дека е најтенок во јануари кој е и најдолгиот месец во годината.

Што треба да направите за да не „банкротирате“ уште во првиот месец од новата година:

Развивајте самодисциплина

Експертите сиветуваат дека треба да развиваме самодисциплина. Според нив најпаметно е да ги испланираме трошоците и да ја прифатиме реалноста за да позајмиците и враќањето на долговите не е единственото нешто за кое ќе размислувате во текот на целата година.

Ако веќе морате, внимавајте колку се задолжувате

Прво и основно, ако веќе морате, внимавајте колку се задолжувате и колку често ја користите кредитната картичка, бидејќи сите тие денови на празнување ќе ги отплаќате со месеци. Прославите, подароците и еуфоријата ќе поминат, а соочувањето со болната реалност со старите и новите сметки веќе е тука.

Купување на одложено со кредитни картички

Доколку знаете дека подоцна нема да имате уште некои трошоци од вообичаените, купувајте на одложно плаќање и така распоредете го финансиското оптеретување. Но, со тоа што пролонгирате, само ќе имате поголем износ за плаќање распореден на рати кој месечно ќе мора да го плаќате.

Кеш кредит, само ако мора

Може е најмалку рационален, но сепак е значаен начин да дојдете до потребната готовина е со кеш кретит. Тие иако се меѓу најскапите, сепак се еден од популарните начини на задолжување. Распрашајте се кај повеќе банки за условите и изберете понуда која за вас е најповолна.

Практични совети

Бидејќи сте се истрошиле, обидете се на било кој начин малку да заштедите. Има повеќе начини. Ако сте купувале и порачувале готова храна на работа, сменете ги навиките и почнете од дома да носите храна. Дневно можете да заштедите од 100 до 200 денари. Обидете се да користите што помалку автомобил и возете се со јавен превоз. На тој начин ќе заштедите и за паркинг и за гориво.

Плаќајте ги сметите на време за да на плаќате камати. Сепак кој нема да успее во јануари, тогаш во февруари ќе мора да ги стегнете ременот.

Извор: Блиц

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести