(ВИДЕО) Стари и млади во редици чекаат да купаат марихуана во Калифорнија

994 Views Јануари 3, 2018 Свет Редакција Емагазин

Од 1. јануари, Калифорнија стана шестата сојузна држава во САД која го легализираше канабисот за рекреативна употреба. 

Во наредните години очекува приход од десетици милијарди долари, а истовремено и да го намалува криминалот од аспект на дилери на црно, локални препродавачи и поголеми организирани групи со политичко влијание.

Во многу места низ Калифорнија се прават редици за да се купи марихуана, а над 90 продавници веќе ја имаат лиценцата за продажба. Марихуана ќе може да купи секој што има над 21 година и најмногу ќе смее да поседува 28 грама или шест стебла дома.

Видео: Today's Video/CBS Miami/ABC 10 News

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.