На двегодишната Јана и е извршена трансплантација на коскена срцевина, но потребни се пари за лекови

На малата Јана Здравевска од Велес родена на 25 јули 2015 година, на една годишна возраст и е дијагностицирана акутна мијелоидна леукемија. На клиниката за детска онкологија во Скопје по примена на хемотерапија, Јана ја совлада болеста, но по само пет месеци истата се врати.

Јана беше испратена на трансплантација на коскена срцевина во болницата Газиосман паша во Истанбул. Целиот износ околу трансплантацијата го покри Фондот за здарвство.

Јана успешно ја помина трансплантацијата и е пуштена на домашно лекување. Лековите кои Јана треба да ги прима, месечно чинат 1.000 евра, а контролите на секои два месеци изнесуваат по 2.500 евра. Тие трошоци не ги покрива Фондот, а за нејзините родители се премногу големи.

Сметки за донации

Т-Мобиле: 070 143 193

ВИП/ОНЕ: 143 550

Тутунска банка/Денарска сметка

210 7000006402-39

Девизна сметка

IBAN MK07210501709358008

SWIFT TUTUNMK22

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.