Мијалков и Попоски последни излегоа од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе остане

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебата на МТВ најави дека ќе има поместувања во Извршниот комитет (ИК) на партијата со нови, но и со имиња со политичко минато, а кои првин ќе бидат презентирани пред Централниот комитет на партијата.

Ќе бидат формирани и нови тела: совет на ИК, како и совет на претседателот на партијата.

Летово минатата година беа направени последните големи промени во ИК на партијата.

Во новиот ИК ги немаше поранешните високи функционери: Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Кирил Миновски, како и блиските соработници на Никола Груевски, Мартин Протоѓер и Сашо Мијалков.

Поранешниот директор на УБК, претходно соопшти дека е повлекува од сите функции на партијата додека против него течат судските процеси кои ги покрена Специјалното јавно обвинителство.

Во Извршниот комитет на партијата останаа Илија Димовски, Владимир Ѓорчев, Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Даниела Рангелова и Коце Трајановски, а влегоа и Никола Србов од иницијативата „Стоп операција Сорос“, активистот Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“, поранешниот портпарол на Владата, Александар Ѓорѓиев, како и пратениците Ане Лашкоска и Зеќир Рамчиловиќ, поранешниот министер за странски инвестиции Џери Наумоф.

Пред извесно време од ИК излезе и Никола Попоски.

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се и: Христијан Мицкоски, новиот лидер на партијата, Никола Груевски, Дејан Јовановски, Светлана Колариќ, Драги Димитриевски, Антонијо Милошоски, Владимир Нелоски, Александар Николоски, Нермин Теловска, Славче Трпески, Армен Незири, Игор Николов, Александар Тргачевски, Златко Перински, Анета Стојановска Стефанова, Сеад Солаковски, Марио Цветковски, Емил Димитриев, Зоран Илиоски, Диана Транталовска.

Во моментов на офицјалната страна на партијата нема инфо кои се членови на ИК:

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Никола Груевски се уште е претседател на официјалната страна на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски најави измени во ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека има одлична соработка со Димовски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.