Ибрахими кој ја пееше албанската химна во Собрание, поднесе оставка од потпреседателското место во Беса

Потпретседателот на Движењето Беса, Зекирија Ибрахими соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател на партијата, пред партискиот Централен совет, кој се одржува денеска.

Тој најави, дека нема да се кандидира, ниту за претседател на партијата на Конгресот, што ќе се одржи во февруари.

Ибрахими, кој беше кандидат на Беса за градоначалник на општина Чаир на последините локални избори, и кој и стана познат на јавноста откако ја испеа албанската химна, неколку минути пред крвавите настани во Собранието од 27. април, на својот пртофил на Фејсбук, оставката ја оправдува со, како што вели, важноста на концептот на неговата партија дека никој како поединец не е поважен од неа и оти никој не е незаменлив, без оглед на позицијата што ја има во партијата. Вели дека мора да се прифати одговорноста, како што се прифаќаат и признанијата.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.