(Фото) Како изгледа кога на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им било здодевно во Собрание

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа, издлабена дрвена маса во Собранието, на која пишува ВМРО-ДПМНЕ.

„Некој/а пратеник/чка си немал/а друга работа, или му/и било досадно, или....Важно направил дело. Многу јако дело. Ја резбал масата во една сала во Собрание. Делото ќе го видат многу луѓе. Денес го виде и еден експерт од групата на Прибе. Браво....само напред“, напиша Митрески под фотографијата.

Нас оваа фотографија не потсети на училишните денови во основно, кога од здодевност ги чкртавме масите.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.