Трагедија на струмичко семејство во Америка

Во тешка сообраќајна несреќа во државата Тенеси, САД, во петокот настрада петчлено струмичко семејство од Чикаго, пишува порталот Струмица Нет.

Враќајќи се од Флорида, тие со својот автомобил излетале од патот, во близината на Нешвил и од силниот удар загинала 41-годишната В. Д.

Нејзиниот сопруг Д.Д. (44 години), кој управувал со автомобилот е со тешки повреди и е во критична состојба, а со сериозни повреди се и нивните три деца, синот на возраст од 13 и ќерките близначки од 3 години, а според информациите на Радио Струмица Нет од Македонци кои живеат во Чикаго, тие се надвор од животна опасност.



Нашинците од Америка покренаа иницијатива за финансиска помош на семејството, кое се соочува со големи медицински сметки, но и за погребални услуги и превоз.

Преку веб страницата www.gofundme.com веќе пристигнуваат парични средства за семејството.

Извор: Радио СтрумицаНет

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.