Скопски пазар ги затвори маркетите во Бутел, Ѓорче Петров и Кисела Вода

3145 Views Јануари 7, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

„Скопски пазар“- Акционерско друштво во приватна сопственост за услуги во прометот и трговија извоз-увоз-Скопје на Централниот регистар објави дека се затворени три маркети кои се дел од трговскиот ланец и тоа во скопските населби Бутел, во Кисела вода и во Ѓорче Петров.

Според објавата на Централниот регистар од сопственоста на Скопски пазар се избришани подружницата на СП-маркет 5 која што се наоѓа во Кисела Вода, потоа подружницата СП маркет 10 која што се наоѓа во Бутел и подружницата СП маркет 1 која што се наоѓа во населбата Ѓорче Петров.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.