Ќе се прекрстат ли и двете најголеми македонски партии, ако се најде компромис за името

И двете најголеми македонски партии во своите имиња го содржат зборот Македонија или изведени зборови од тој поим: ВМРО-ДПМНЕ или скратеница од Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство и СДСМ, или Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Ќе се прекрстат ли и двете најголеми македонски партии, ако се најде компромис за името?

Додека грчките медиуми секојдневно лицитираат со предлози за имиња, Ве потсетуваме на една суштинска изјава во тој правец, на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас за грчките, но и за македонските медиуми.

Тој за Канал 5, во октомври изјави дека за решението на името има четири теми.

„Тоа е името, употребата на името, изведените зборови, каква врска имаат со името и акронимите. Тоа се четри теми. Господинот Нимиц во преговорите е задолжен за првите две теми. Во текот на разговорите, ќе наидеме на други теми. На пример изведените зборови. Кога се говори за изведените зборови, во вашата земја веднаш се споменува, тоа е жешка тема, идентитет и јазик. Но, постојат и покомплицирани прашања, не се посериозни, туку покомплицирани. На пример трговските имиња. Што правиме со нив?„, вели Коѕиас и како пример го посочува називот македонско вино, кое се произведува и кај нас и во Грција.

Има ли Македонија јасни позиции?

„Северна Македонија“, „Горна Македонија„ и „Нова Македонија“ (на македонски без превод) се трите имиња според грчкиот весник „Real news“, што ќе се најдат на маса на следната средба на Метју Нимиц со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Деновиве од грчка страна и покрај големиот оптимизам за решавање на спорот, уште еднаш беше повторено дека грчките црвени линии се име за севкупна употреба, без детали за другите теми кои ги спомнува Коѕиас.

Од наша страна не се откриваат детали како ќе се постави Македонија во периодот што следи, а ако се земаат во предвид изјавите кои доаѓаат од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема, се има и чувство дека и немаме заеднички став, позиција, како што е случајот со грчките партии од власта и опозицијата.

Изјавите кои во периодов стигнуваат од македонската Влада, наместо да дадат конкретен одговор што ќе се случи со употребата на поимот македонски (македонски јазик, македонски народ...), создаваат дополнителна конфузија за што се е подготвена државата за решавање на долгодишниот спор за името.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Во Грција се лицитираат можни решенија: Име на македонски јазик со одредница и без превод

Бутарис: Во Скопје нема протести. Ние немаме малку мозок? 

На 21 јануари протест во Солун против употребата на терминот Македонија

Можни имиња и протест во Солун: Македонија главна тема во грчките медиуми

Грчкиот весник „Real news“: На маса три имиња за Скопје

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.