Најчеста викенд дестинација за Македонците: Како Банско стана монденско европско скијалиште

Зимскиот центар Банско во Бугарија во изминатите неколку години стана најчесто викенд одредиште за Македонците, но и едно од најпосетените скијалишта за време на ски сезоната. 

Почнувајќи уште од септември редици на возила за викендите може да се забележат на граничниот премин Деве Баир, а голем дел од Македонците едвај чекаат празник за да спојат неколку дена на чист воздух и секако многу поволна понуда за нивниот џеб.

Токму и поволната понуда, односно ниските цени, добрата услуа и близината на Банско ја направи оваа дестинација најомилена на Македонците. 



Од мало живописно место со одлични патеки и неколку хотели од пониска класа, Банско за само десет години успеа да стигне на листата на европските монденски скијалишта.

Сега има повеќе од 120 објекти од различни категории за сместување на туристи, патеки за скијање во должина од 65 километри, од кои најдолгата има 16 километри и почнува од врвот на 2.917 метри надморска височина.

Современата гондола овозможува скијање и возење на сноуборди и за почетници и за професионалци.

Покрај тоа на посетителите на Банско на располагање им се голф и тениски терени, коцкарници, патеки за планинарење, јавање коњи, фитнес и спа центри, гастрономски специјалитети, автентични меани...
И сето тоа е за три часа возење од македонската граница.

Спојот на убавината на националниот парк Пирин и живописните предели со луксузот на новите хотели и современиот скијачки центар го претвараат малото Банско во најпрестижен скијачки центар во Источна Европа.



Алтернатива за Алпите

Бараќи вистинска алтернатива за Алпите, овде ќе најдете патеки за сите вкусови. Од благо коси за почетници до стрмни, а понакаде дури и вертикални падини за оние кои добро скијат.

Туристите се одлучуваат за Банско затоа што овде е најдолга скијачка сезона во Бугарија, од декември до мај.

А за продолжување на скијачката сезона придонесуваат и снежните топови, кои со помош на новата технологија можат да ја одржуваат патеката до плус 5 сантими.

Почетната станица на гондолата се наоѓа недалеку од хотелот Стражите околу 2,5 километри од градот. Од секој хотел одат минибуси до гондолата која се качува на скијалиштето.  

За помалку од 20 минути ќе се качите до ски центарот кој се наоѓа на приближни 13 километри од градот. 
Во ски центарот Банско сите хотели со 4 звезди нудат бесплатно користее на базен, фитнес и сауна, а малите семејни хотели оставаат топло сеќавање на локалното гостопримство.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.