(ФОТО) Холивудските звезди протестираа во црни фустани на „Златните глобуси“

Цела галаксија од ѕвезди прошетаа на црвениот тепих во Беверли Хилс, започнувајќи ги 75-тите Златни Глобуси.



Но, за Анџелина Џоли, Џесика Бил, Кери Вашингтон, Кетрин Зита Џонс и уште голем број на славни дами, ова не беше шанса да заблескаат во најсветкавата тоалета, туку да изразат бунт преку својата црна креација.



Црната боја беше одбрана за ТВ индустријата да го изрази незадоволството и да протестира против злоупотребата од страна на филмскиот могул Харви Вајнштајн.




Во 2017-та избија повеќе секс скандали и злоупотреби на славни жени од страна на Харви, па овој елитен
настан беше одлична пригода да се изрази незадоволството и светот да го слушне тоа.

Фото: Getty images

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.