(Фото-галерија) Убавото време ја преполни Попова Шапка викендов

Иако со задоцнување, стартуваше новата скијачка сезона на Попова Шапка. Убавицата на „Шара“ викендов е полна со посетитетли. Колоните возила кон овој македонски скијачки бисер кажуваат дека не е заборавен.

Посетителите на Попова Шапка ги оставаат возилата неколку километри подалеку од ски- центарот, бидејќи нема доволно паркинг места.

Компанијата која стопанисува со скијачкиот центар Попова Шапка, „ЕЛЕМ турс“ и туристичката агенција „Савана“ уште минатата недела најавија воведување на „Ски - бус Попова Шапка“.

Автобуската линија стартуваше од петок, 5 јануари, и превоз на релација Скопје - Попова Шапка - Скопје ќе се врши секој ден.

Во понудата на „Савана“ има и голем број дневни и викенд пакет аранжмани.

Фото: We Have Snow - Попова Шапка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести