Заклучена стечајната постапка: „Стружанка“ престана да постои

1445 Views Јануари 9, 2018 Бизнис Никола Осило

Централниот регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавите за заклучување на стечајната постапка и за упис на бришење на акционерско друштво за производство на волнена,памучна,свилена трикотажа и пердиња „Стружанка“ АД Струга во стечај донесе решенија со кои одобруваат пријавите.

„Стечајната постапка према ТФ Стружанка Струга,запишано во трговскиот регистар на ден 04.09.1998 година под Т.Рег.985/98 во Основниот суд во Битола,со седиште во Струга се заклучува“, пишува во диспозитивот на решението.

Централниот регистер со другото решение ја избриша „Стружанка“ од евиденцијата на регистарот.

Фото: Стружанка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!