Вознемирувачки раст на количината на медицински отпад што се гори во Дрисла

Информација за инсенераторот (печката за спалување на медицински отпад) за кој со години се знае дека е токисичен и не ги исполнува стандардите на Европската Унија има и на официјалната страна на Дрисла.

Инсенератор има капацитет од 200 килограми на час согорување на медицински отпад или 500 тони на годишно ниво.

На официјалната страна стои дека печката е донирана од Британската влада и е донесена на локалитетот во февруари 2000 година, а е пуштена во употреба во април 2000 година.

Она што фрапира е табелата која покажува константно и драстично зголемување на медицинскиот отпад кој се согорорува овде.

Податоци за последните две години нема.

Која е процедурата за горење на медицински отпад?

Медицинскиот отпад како посебен вид на отпад, како и поради своите специфични карактеристики бара посебен третман. Како таков мора да биде одвоен од комуналниот отпад, како при процесот на неговото настанување така и при процесот на неговиот транспорт.

Транспортирањето се врши во контејнери со две специјални возила за медицински отпад и три комбиња, стои на официјалната страна ма Дрисла.

„За добивање на нашите услуги, корисникот потпишува договор со кој се одредува начинот на кој се врши собирањето на медицинскиот отпад.

Во моментот на потпишување на договорот се договара динамиката на работење по која ќе се постапува.

Со поголемите создавачи на медицински отпад се прави договор за собирање и транспортирање на медицински отпад со мерна единица килограм, а со помалите мерена единица кутија со утврдена тежина од  5 (пет) килограми. Мерењето на килограм се врши со вага која е поставена на специјалното возило.

По утврдување на тежината во килограми или броењето на кутиите се издава белешка потпишана од двете странки (давателот и корисникот на услугите).

Како основа за идентификација на медицинскиот отпад се зема амбалажата која треба да биде во жолта боја.

Од поголемите создавачи на медицински отпад, каде што се собира на мерна единица килограм, однапред се утврдува денот кога треба да се подигне медицинскиот отпад од причина што може да се испланира.

Од помалите создавачи на медицински отпад, каде што собирањето е во кутија (според досегашните согледувања) сите оние што создаваат една или повеќе од една кутија во месецот се со планирана динамика, а од останатите доколку не бидеме повикани ќе бидат посетени во втората половина во месецот или во четвртата недела по предходното собирање.

Поголемите количини на медицински отпад што треба да се согорат во инсенераторот се мерат на електронска вага во приемно – отпремното одделение, а помалите количини на медицински отпад се мерат на дигитална вага што е поставена кај печката за согорување.

Медицинскиот отпад што треба да биде согорен може да биде донесен со наше возило или со возило на странките“, велат од Дрисла.

За потребите на медицинските установи од Градот Скопје и околината, а согласно Решението на Министерството за здравство, Дрисла е единствено претпријатие кое врши собирање и согорување на медицински отпад, односно негова обработка.

Инсенераторот лоциран во депонија Дрисла е со основна намена за спалување на медицински отпад и лекови со поминат рок. Но, исто така во него може да се согорува и друг вид на отпад по барање на правни и физички лица.

Фото: Дрисла

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

До сега не труеше, но под притисок на јавноста Дрисла ќе купува воден филтер за инсинераторот за согорување на отпад

За согорување на 1 килограм медицински отпад, Дрисла наплаќа 56 денари: Кои се другите цени

Македонија 16 години во Дрисла користи токсичен инсинератор за горење отпад 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести