До сега не труеше, но под притисок на јавноста Дрисла ќе купува воден филтер за инсинераторот за согорување на отпад

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информираше дека, при денешниот вонреден инспекциски надзор на депонијата за комунален отпад во Дрисла, утврдиле дека се почитува решението на ДИЖС за неработење на инсинераторот за согорување на медицински отпад (печка за согорување медицински отпад), а примениот медицински отпад се складира во контејнери.

Инспекторатот бил информиран дека во Дрисла, во тек е набавка на воден скрубер/филтер за постоечкиот инсинератор и истиот ќе биде инсталиран следниот период.

„Од менаџментот е добиена информација дека сите потребни процедури и документи, дозволи за набавка на нов инсинератор се завршени и согласно склучениот договор се очекува опремата да пристигне до средината на април. Во рок од 45 дена ќе се монтира, а намената на инсинераторот би била освен согорување на медицинскиот отпад и производство на електрична енергија. Се очекува пробната работа да отпочне во текот на месец јуни оваа година“, се вели во соопштението на ДИЖС.

Инспекторатот исто така бил известен дека Дирекцијата за радијациона сигурност извршила мерење на јонизирачко зрачење и било констатирано дека нема зголемено ниво на радиоактивност.

Инсинератор во Дрисла не работи од 1 јануари, а медицинскиот отпадот се складира, оти на сила беа мерките за справување со високата загаденост, но од утре тие се укинуваат што значи дека Дрисла ќе може да согорува отпад, но согласно прописите.

фото: ДИЖС

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Вознемирувачки раст на количината на медицински отпад што се гори во Дрисла

За согорување на 1 килограм медицински отпад, Дрисла наплаќа 56 денари: Кои се другите цени

Македонија 16 години во Дрисла користи токсичен инсинератор за горење отпад 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.