Зимско издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City ја отпочнува новата година со својот прв настан или со т.н. Зимско издание (Winter Edition), на кое традиционално ќе репризира дел од филмовите од претходното, премиерно издание во 2017. 

На 2 и 3 февруари 2018, во Кинотека на Македонија, ќе имате можност да погледнете филмови чиишто проекции беа дел од третото издание на ССС. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што го нарековме Четири годишни времиња. За секој настан ќе има посебно известување за содржините.

Скопје Синема Сити, преку својата платформа, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат. Картите ќе може да ги купите на билетарницата во Кинотека на Македонија. Резервациите можете да ги направите (по празниците, од 09 јануари) од 16-19 часот на тел: 02 306 5968. Цена на билет: 100 денари.

Програмата може да ја видите на следниот ЛИНК.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.