Средба Димитров - Коѕијас на непозната локација

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.

Локацијата на средбата не е позната, а вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24 рече дека средбата меѓу Димитров и Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција.

Грчките медиуми пак шпекулираат дека таа ќе биде во Солун.

Фото: МНР

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.