За десет години Дрисла заработила најмалку 4,7 милиони евра од палење медицински отпад

1061 Views Јануари 11, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

Најмалку 4,7 милиони евра заработила Дрисла од согорување на медицински отпад за десет години, за периодот од 2005 до 2015 година, покажуваат податоците на депонијата Дрисла.

За десет години, биле согорени 5.176.808 килограми медицински отпад. 

Цената на чинење на согорување на килограм медицински отпад чини 56 денари, што значи дека вкупно од палење на медицински отпад, Дрисла заработила вкупно 289.901.248 денари или 4,7 милиони евра.

Според податоците од Дрисла само во 2015 година кога компанијата во депонијата во Скопје согорила околу 775 илјади килограми медицински отпад, заработила над 700 илјади евра.



Во последните неколку години континуирано се зголемува количината на медицински отпад кој се пали во скопската депонија, а растот почнува од 2011 година.

Така ако во 2005 се преработени 357.648 килограми медицински отпад за десет години количината е двојно зголемена и во 2015 година биле преработени 774.866 килограми медицински отпад. 

Според ценовникот на Дрисла согорување на еден килограм медицински отпад чини 56 денари или 385 денари за кутија од 5 килограми.

Фото: Дрисла

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

До сега не труеше, но под притисок на јавноста Дрисла ќе купува воден филтер за инсинераторот за согорување на отпад

Вознемирувачки раст на количината на медицински отпад што се гори во Дрисла

За согорување на 1 килограм медицински отпад, Дрисла наплаќа 56 денари: Кои се другите цени

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.