Што договорија Димитров и Коѕијас во Солун

Очекување дека на претстојниот состанок на 17. јануари во Њујорк медијаторот Метју Нимиц ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името изразија шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на средбата во Солун.

Двајцата министри, како што информираа од МНР, разговарале за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликата околу името.

Се согласиле да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името.

Унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзано со тековните мерки за градење доверба, биле исто така во фокусот на денешната средба.

Средбата се одржала, во рамки на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба.

Двајцата министри размениле мислење поврзани со мерките за градење доверба и други подготовки околу следните средби на високо политичко ниво меѓу двете земји.

Со идентично соопштение излезе и грчкото МНР.

Фото: МНР

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

„Тајната“ средба Димитров - Коѕијас се одржала во хотелот каде Заев чекаше Нова Година

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.