Каков имот има Дарко Костадиновски, новиот уставен судија

Дарко Костадиновски стана уставен судија. Додека го чекаме неговиот нов анкетен лист, Ви пренесуваме што пријавил до Државната комисија за спречување корупција, како пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

Според неговиот анкетен лист, на свое име пријавил стан во Охрид од 43 метри квадратни, проценет на 2,1 милиони денари и плац во Сопиште од 1.000 метри квадратни.

На име на брачниот другар пријавил стан од 98 метри квадратни во Скопје, проценет на 4,5 милиони денари.

Вози Хјундаи Тусон, проценето на 1 милион денари, а неговиот брачен другар Фиат Стило.

Пријавил и неколку сметки во банка, заеми, средства во готово и кредит.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кои се Дарко Костадиновски и Осман Кадриу, новите уставни судии

Дарко Костадиновски и Осман Кадриу избрани за уставни судии

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.