Два дена пред евробврзницата, Владата се задолжи за 73,7 милиони евра на домашен пазар

Два дена пред да биде издадена еврообврзницата, Министерството за финансии се задолжи за 73,7 милиони евра на домашен пазар преку аукција на државни хартии од вредност.

Министерството за финансии на аукцијата која се одржа на 9 јануари издаде хартии од вредност од вкупно 4,54 милијарди денари или 73,7 милиони евра.

Станува збор за 12 месечи државни записи во износ од 1,59 милијарди денари со камата од 1,85%, шест месечни државни записи во вредност од 399,9 илјади денари со камата од 1,45, како и 15 годишна обврзница во вредност од 2,10 милијарди денари со каматна сапка од 3,8%, потоа 10 годишна обврзница со каматна стапка од 3,4% во вредност од 170 милиони денари и 3 годишна обврзница со каматна стапка од 2,3% во вредност од 350 милиони денари.

На 09 и на 10 јануари Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 4.537,55 милиони денари (73,78 милиони евра).

Владата на крајот на минатата година донесе одлука максималното задолжување на домашен пазар да биде 5,4 милијарди денари.

Оваа година според Министерството за финансии на домашен пазар ќе се задолжиме за 90 милиони евра повеќе одколку што имаме доспеани долгови.

На 09.01.2018 година и на 10.01.2018 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 4.537,55 милиони денари (73,78 милиони евра).


Вчера беше издадена шестата еврообврзница во износ од 500 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Што е еврообврзница: Колку Македонија досега се задолжила и до кога ќе ги враќа

Сите детали: Македонија издаде шестта еврообврзница

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.