Градот разгледува можност граѓаните од внатрешноста да паркираат на влезот од Скопје, а потоа да се движат со јавен превоз

1214 Views Јануари 12, 2018 Локално Редакција Емагазин

Град Скопје не планира никаква забрана за влез на возила во Скопје од другите градови со моторни возила, како што пренесоа дел од медиумите, информираат од Град Скопје.

„Имено, Градот Скопје во насока на намалување на влезот на возила во Скопје размислува за имплементирање на систем на комбиниран превоз, каде на граѓаните од внатрешноста ќе им овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје, а до својата дестинација да стигнат користејќи го јавниот превоз (железница, автобус или велосипед).

Некои проценки во јавноста говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од градовите од внатрешноста и истите значително придонесуваат за сообраќајниот метеж во Скопје.

Овој систем на „Паркирај и вози“ (park&ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати, а воведувањето на овој систем беше и дел од изборната програма на градоначалникот Шилегов на изборите во 2017-та.

Овој систем има за цел да го олесни јавниот превоз во Скопје, транспортот да биде побрз и поевтин од користење на сопствено возило, а воедно да се охрабри користењето на комбинираниот јавен превоз“, велат од Градот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.