Што е еврообврзница: Колку Македонија досега се задолжила и до кога ќе ги враќа

Владата реши да се задолжи со нови 500 милиони евра преку издавање на еврообврзница. Тоа ќе го изврши, со издавање на хартија од вредност, која ќе претставува гаранција за овој долг пред кредиторите, односно оние што ќе ѝ дадат пари.

Ова е шестта еврообврзница која што ја издава Македонија на меѓународните пазари.

Еврообврзницата се издава во Европа и со нејзе ќе се тргува на европските пазари на капитал, па затоа се вика и еврообврзница.

Тргувањето со еврообврзницата значи дека оној кој што и дал пари на Владата, не мора да чека да измине целиот договорен должнички период, (во случајот со последната еврообврзница се седум години), туку ќе може таа еврообврзница да ја продаде и порано, односно да тргува со неа за пари или други хартии од вредност на европските пазари на капитал.

Македонија досега шест пати се задолжи на европските пазари со издавање на еврообврзница.

Каматната стапка на последната еврообврзница е 2,75% со рок на доспевање од седум години. Во 2016 година беше издадена еврообврзница од 450 милиони евра со каматна стапка од 4,8%.

Во 2015 година исто така беше издадена еврообврзница во вредност од 270 милиони евра со рок на доспевање од пет години, каматна стапка од 4,6% и таа треба да се врати до 2020 година.

Во 2014 година пак Македонија ја издаде третата еврообврзница од 500 милиони евра со рок на доспевање до 2021 година односно седумгодишна и каматна стапка од 3,9%.

Првата еврообврзница Македонија ја издаде во 2005 година во вредност од 150 милиони евра со рок на доспевање од 10 години, со каматна стапка од 4,6%. Исто така и во 2009 година беше издадена еврообврзница во вредност од 175 милиони евра со рок на доспевање од три ипол години.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ СТОРИИ

Сите детали: Македонија ја издаде шестата еврообврзница

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.