Драстичен пад на одобренијата за градење: Се засити ли пазарот на недвижнини?

716 Views Јануари 12, 2018 Бизнис Никола Осило

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017 се издадени 229 одобренија за градење, што е за 36,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1,6 милијарди денари, што е за 72,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 140 се наменети за објекти од високоградба, 16 за објекти од нискоградба и 73 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 229 објекти, на 168 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 61 објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 306 станови со вкупна корисна површина од 29.819 квадрати.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!