ОЈО отвори предмет против Дрисла за кривично дело Загадување на животната средина и природата

По допрен глас отворен е предмет во Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.

„Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата Дрисла-Скопје ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, се вели во соопштението на ОЈО.​

Фото: Дрисла

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

За десет години Дрисла заработила најмалку 4,7 милиони евра од палење медицински отпад

До сега не труеше, но под притисок на јавноста Дрисла ќе купува воден филтер за инсинераторот за согорување на отпад

Вознемирувачки раст на количината на медицински отпад што се гори во Дрисла

За согорување на 1 килограм медицински отпад, Дрисла наплаќа 56 денари: Кои се другите цени

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.