СДСМ предложи законски измени за намалување на патните трошоци на пратениците

Пратеничката група на СДСМ денеска предложи измени на два закона со цел намалување на патните трошоци на пратениците. 

Предлогот, како што истакна координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев, го опфаќа престојот и превозот на пратениците и други избрани функционери. Во редовна процедура предлагаат измена на законите за плата и надоместоци на избрани функционери и за пратеници. 

Очекуваат поддршка од сите пратеници вклучувајќи ја и опозицијата. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.