Кои се топ 10 нејевтини места за живеење во 2018 година

За оние кои се љубители на патувања, истражување на нови градови, култури и традиции, следнава листа ќе биде идеална.

За да патувате некаде, треба да бидете подготвени и да платите многу, но постојат земји каде тоа не е проблем, бидејќи важат за евтини.

Но, освен за патување, има земји кои се евтини и за живот, па секој би посакал да ги спакува куферите и да замине на авантура во некое од следниве места.

Места кои ќе бидат најевтини за живот во 2018 година:

Лисабон, Португалија

На врвот на листата е Лисабон, кој е опишан како благороден и елегантен град, полн со инспирирачки знаменитости, шарени градби, градини, паркови, фонтани...

Лисабон, како и цела Португалија, нудат евтини цени за живот, кои се едни од најниските во Западна Европа, благодарение на завидната даночна состојба и поволните цени во недвижнините.

Овде може да живеете удобно, но скромно за околу 1.000 евра месечно.

Кали, Колумбија

Цените за изнајмување недвижнини се привлечни и поволни, климата е прифатлива, а палмите низ булеварите, парковите и љубезните луѓе, го прават местото идеално за живеење.

Во Кали, пар може да живее за околу 820 евра месечно, вклучувајќи го и изнајмувањето стан, а можете да купите трисобен стан со 2 бањи и на одлична локација за помалку од 35.000 евра.

Санто Доминго, Доминиканска Република

Доминиканската Република има најбрзо растечка економија во Латинска Америка, а главниот град е идеално место за живот.

Со живописни улици, динамично пристаниште, настани, фестивали и ресторани, Санто Доминго е одлично место каде туристите уживаат.

За живеење, пар може да очекува дека ќе потроши околу 1.200 евра месечно, вклучувајќи наемнина и храна.

Сан Педро, Белизе

Ако некогаш сте посакале живот на плажа со нормални и пристапни цени, Сан Педро е местото каде можете да го најдете тоа.

Мало гратче со иселеници од цел свет кои дошле да создадат подобар живот – отвараат бизниси, планираат и организираат настани и се дружат на скара на плажа.

Цените на недвижнините не се толку ниски, но во споредба со други Карипски острови се многу поповолни.

Ове становите кои не се веднаш до плажа може да се најдат за помалку од 800 евра месечно, но доселениците може да очекуваат дека ќе трошат околу 1.600 евра месечно за сѐ вкупно.

Сент Чиниан, Франција

Прованса е познато, но скапо место во Франција, па алтернатива е Сент Чиниан, место кое се опишува како типично француско село, каде секојдневието изгледа како да живеете во светот на „Убавицата и Ѕверот“.

Сместено е на рид и имате чувство како да е далеку од сè, но всушност, Шпанија е многу блиску, а можете и за 3 часа да стигнете до Париз на ручек.

Познат е по поволните цени на недвижнини кои се половина од оние скапи и популарни места, а благодарение на одличниот јавен превоз, може да се живее без автомобил, а просечен пар овде би потрошил околу 1.300 евра месечно на кирија и трошоци за живот.

Абруцо, Италија

Со одлична местоположба покрај прекрасниот брег на Јадранското море, со кафулиња покрај плажа, околни планини за скијање и винарии, Абруцо е рај за оние кои знаат да уживаат во животот.

Во ова гратче, пар може да живее сосема удобно за околу 1.100 евра месечно, или помалку, вклучувајќи и кирија.

Љубљана, Словенија

Планинскиот предел и медитеранскиот брег е фантастична комбинација, а шармот на главниот град на Словенија е нешто во што секој ќе се заљуби.

Градот нуди можности и тури со пристап до плажи, ски центри, посета на Венеција, како и незаборавното искуство на Бледското Езеро.

Овде еден поскромен и штедлив пар, може да си дозволи да живее за околу 800 евра месечно.

Плаја дел Кармен, Мексико

Ова мало гратче се наоѓа на Мајската ривиера, а некогаш важело за село за риболов, но не и денес.

Сега Плаја е дом на повеќе од 10.000 странци од секакви националности, има стабилна економија, како и голем избор за работа. Опремен е со доволно маркети, барови, како и интернационални училишта.

Бали, Индонезија

Бали веќе има одлична репутација и важи за еден од најубавите тропски острови во светот. Локалците се љубезни и пријатни, активностите се бесконечни, а за убавините нема потреба да се зборува.

Има многу барови, ресторани, како и културни настани, галерии, часови по јога и уште многу други работи со кои можете да си го исполните денот.

За еден пар да живее на ова прекрасно рајско место, може да очекува дека ќе троши околу 1.300 евра месечно.

Да Нанг, Виетнам

Да Нанг дава чувство како да сте влезени во некој стар филм, градот е исполнет со ретро софистицираност, има одлична локација и има многу активности во кои може да уживатe

А, за пристоен и удобен живот на ова место, очекувајте да потрошите околу 900 евра месечно или помалку.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести