ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нови членови на Извршниот комитет

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ вечер се очекува да одржи седница на Централниот комитет на партијата, на која треба да се избираат нови членови на Извршниот комитет (ИК). 

Нема официјална информација за тоа колкумина од засега се уште актуелните триесетина членови на ИК, ќе останат во неговиот состав, а медиумите објавија дека двајца актуелни членови, Илија Димовски и Антонијо Милошоски не добиле покана за седницата.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на седницата се очекува да се дискутира и за актуелната политичка состојба.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Мијалков и Попоски последни излегоа од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе остане

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.