Апелација ги одби жалбите: 11 обвинети за насилствата во Собрание остануваат во притвор

Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на единаесет лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април.

Апелацискиот суд по одржаните седници вчера и денеска, соопшти дека се одбиени жалбите на обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славковски. 

Се очекува Апелација да ги соопшти одлуките за жалбите на уште седум обвинети кои се жалеа за изречената мерка притвор. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.