Кој остана во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра нови членови на Извршниот комитет (ИК).

Во ИК на најголемата опозициона партија влегоа претседателите на општински комитети во Штип, Охрид и Кисела Вода, Иван ЈордановКирил Пецаков и Орце Ѓорѓиевски.

Од партијата потврдија дека за членови на ИК се избрани и: Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Трајко Славевски, Ане Лашкоска, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Игор Николов, Драги Димитриевски, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов и Бајрам Требишки.

Во новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги нема Илија Димовски и Антонијо Милошоски.

Летово минатата година исто така беа направени промени во ИК на партијата. Од тогаш во овој орган ги нема Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Кирил Миновски, како и блиските соработници на поранешниот лидер Никола Груевски, Мартин Протоѓер и Сашо Мијалков.

Поранешниот директор на УБК, Мијалков, претходно соопшти дека е повлекува од сите функции на партијата додека против него течат судските процеси кои ги покрена Специјалното јавно обвинителство.

Пред извесно време од ИК излезе и Никола Попоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот пријавил новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев

Николовски, Јанчев и Мисајловски, нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Новиот ИК е со силно мотивирани индивидуи

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.