Каков имот пријавил новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев

Поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Игор Јанушев, е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

еМагазин Ви пренесува каков имот пријавил до Државната комисија за спречување корупција, кога стапил на директорската функција.

Според неговиот анкетен лист, како заеднички имот пријавил стан во Скопје од 90 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба, а проценет на 5,5 милиони денари.

На име на брачниот другар пријавил три стана во Скопје. Едниот е од 75 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба, проценет на 2,4 милиони денари, а другите два од 50 и 56 метри квадратни, стекнати со договор за подарок, проценети на 3,6 и 3,7 милиони денари.

Вози Митсубиши Лансер Спортбек, а неговиот брачен другар Опел Астра. 

На име на брачниот другар пријавил и акции и дивиденда.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: ТВ Нова

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кој остана во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Новиот ИК е со силно мотивирани индивидуи

Николовски, Јанчев и Мисајловски, нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.