Мицкоски: Новиот ИК е со силно мотивирани индивидуи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека новиот состав на Извршниот комитет на партијата избран на седницата на Централниот комитет го сочинуваат силно мотивирани лица кои ќе имаат позитивен придонес во делувањето на партијата. 

- Станува збор за силно мотивирани индивидуи, луѓе кои поголем дел од својот живот поминале во партиските структури и искусни политичари, така што во периодот што следи, убеден сум, да не бидам претенциозен, дека ВМРО-ДПМНЕ набрзо ќе застане на здрави нозе и ќе може што поскоро да издејствува предвремени парламентарни избори и да ја формира следната влада на РМ, изјави Мицкоски. 

Тој информира дека Централниот комитет, на кој присуствувале 115 од 135 членови, речиси едногласно, со еден глас против го избрал новиот ИК кој првично бори 26 члена, но таа бројка, како што најави, ќе се проширува.

Мицкоски најави дека до крајот на месецов ќе биде подобрен партискиот статут и оти на правата седница на ИК ќе го предложи составот на советот на ИК, а во иднина и на советот на претседателот на партијата,  односно новите партиски тела што ги најави неодамна.

Одговарајќи на новинарски прашања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека немал средба, ниту бил контактиран од виепремиерот за европски прашања Бујар Османи за преговорите за прашањето за името.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот пријавил новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев

Кој остана во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Николовски, Јанчев и Мисајловски, нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.