Жена од Кочани го пријавила сопругот, вработен во МВР, за семејно насилство

Триесет и осумгодишната К.А.К. од Кочани во полициска станица пријавила дека била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг М.К. (39), вработен во МВР.

Како што соопшти МВР, К.А.К. случајот бил го пријавила вчера околу 17 часот. Според пријавата, М.К. под дејство на алкохол почнал да и упатува сериозни закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и по животот на нејзините најблиски, барајќи од неа да си оди од дома и да го остави нивното седумесечно бебе.

Нејзиниот сопруг, според добиени сознанија, секој ден бил во алкохолизирана состојба и во повеќе наврати на сличен начин ја малтретирал психички и физички.

На 3 декември минатата година тој повторно под дејство на алкохол го извадил службениот пиштол и испукал неколку куршуми во дневната соба.

За настанот е известено Основното јавно обвинителство Кочани по чија наредба од М.К. е одземено службеното оружје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.