Во Македонија се произведува домашна храна за кучиња и мачки

1201 Views Јануари 14, 2018 Бизнис Редакција Емагазин

„Кај Лиса Анимо„ е првата продавница во Македонија, а најверојатно и на Балканот која е спецјализирана за производство на домашна, свежа и здрава храна за домашни миленчиња.

Храната е 100% природна, без конзерванси, додатоци, адетиви и бои, вели за еМагазин, Катерина Калинска од „Кај Лиса Анимо„.

„Се прави од месо, зеленчук и овошје. Одобрена е од ветеринар и Агенцијата за храна и ветринираство. Има голем интерес, а најпопуларни моментално се бисквитите“, вели таа.



Храната се појави на македонскиот пазар пред еден месец, а нивната продавница се наоѓа на улица "Никола Тримпаре", во близина на училиштето Песталоци, позади Буњаковец во Скопје. На истата улица е и Романска амбасада.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.