Врнежи од снег во Крива Паланка, Страцин, Гостивар, Стража, Маврово, Крушево, Делчево и Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива  по наместа влажни коловози, додека во западните и југозападните делови од државата коловозите се претежно влажни.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Гостивар, Стража, Маврово, Крушево, Делчево и Буково.  Во Дебар врнежите се од дожд и снег. Овие врнежи засега не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.