Распродажба на автомобили во УЈП: „Југо“ за 50 евра, „Форд“ за 100 евра, „Мерцедес“ за 2.000 евра...

7759 Views Јануари 15, 2018 Бизнис Никола Осило

Управата за јавни приходи ќе изврши продажба на движни и недвижни предмети запленети по основ на неплатени даночни долгови на јавна аукција што ќе се одржи на 26 јануари 20018 година.

На продажба се нудат дваесетина автомобили и комбиња, компјутери, телевизори, разни видови машини, земјоделско земјиште и деловни објекти.

Меѓудругите, УЈП нуди на продажба автомобил „Југо“ со почетна цена од 3.000 денари, автомобил „Форд“ со почетна цена од 6.000 денари, автомобил „Мерцедес“ со почетна цена од 107.000 денари.

Детална листа на предметите за продажба ТУКА. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!