Совети: Како најбрзо да го продадете aвтомобилот по оптимална цена

За да успешно да го продадете вашиот автомобил по цена која е прифатлива за вас, но за релативно кратко време, потребно е да имате во предвид неколку правила.

Ви претставуваме десет важни совети како најдобро да го претставите својот автомобил и како да привлечете купувачи.

Бидете реални кога ја одредувате цената

Пред да ја одредите цената, посетете ги сајтовите за половни автомобили. Одредете ја цената во однос на тоа која е просечната цена на конкретниот модел и марка (треба да ги имате во предвид и состојбата на автомобилите, годината на производство, опремата, километражата...).

Потребно е да бидете реални кога ја одредувате цената. Имајте во предвид дека немате нереални очекувања иако да кажеме вашиот автомобил има инзвонредна опрема и тоа е само плус, но не е определувачки фактор цената да биде поголема.

Цената може да биде поголема само ако автомобилот има помалку поминати километри.

Подгответе го автомобилот за продажба, за почеток детално исперете го

Подгответе го автомобилот за продажба. Посебно водете сметка ако имате домашен миленик и него сте го возеле во автомобилот. Тоа се решава со длабинско перење. Исперете го автомобилот, исчистете ја внатрешноста, трегнете ги непотребните работи, псоебно од гепекот.

Квалитетни фотографии на сајт

Поставете оглас на некој веб-сајт за огласување на половни автомобили. Меѓутоа, многу е важно да се направат квалитетни фотографии за возилото за да ги привлече потенцијалните купувачи.

Известете ја и околината за продажбата

Не е доволно само да поставите оглас туку да ја известите околината дека го продавате вашиот автомобил. Никогаш не се знае, можеби некој од вашето окружување му се допаѓа вашиот автомобил и би можеле лесно да се договорите, на заедничко задоволство. Препораката е често еден од побрзите начини за продажба.

Само искрено

Кога вас ќе ви се јави потенцијален купувач и ќе дојде да го види автомобилот, задолжително презентирајте го за состојбата во која реално е возилото, детално обаснете за се што досега е направено на авомобилот од сервисирање, и за тоа што евентуално претстои да се направи.

Документирајте ги сметките со сервисна книшка

Се што е направено од сервис и од одржување е документирано и пополнето во сервисната книшка.

Кога доаѓа до израз опремата

Кога купувачот се двоуми помеѓу повеќе модели, истакнете ја предноста на вашиот автомобил во однос на конкуренцијата. Во тој случај доаѓа до израз тоа ако вашиот автомобил има подобра опрема или ако поседувате дополнителен сет на гуми (летни или зимски).

Можна проверка на автомобилот

Задолжително наведете му на купувачот дека е можна секаква проверка на автомобилот, под услов да тоа навистина можете да му го овозможите.

Предност ако е гаражиран автомобилот

Важна ставка во секоја продажба е секако ако нагласите дека вашиот авомобил го паркирате во гаража, а тоа значи дека му е зачувана каросеријата.

Пробно возење

Бидете подготвени да можете да го отстапите автомобилот на кратко возење под услов потенцијалниот купувач да е заинтересиран.

Извор: Блиц

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.