Прекршочни пријави за струмичани кои се грееле на моторно масло и гуми

1074 Views Јануари 15, 2018 Чиста околина Никола Осило

Инспекциските служби на општина Струмица по извршените контроли кај стопанските субјекти и домаќинствата утврдиле дека го загадуваат воздухот повеќе од дозволеното и против нив се отворени прекршочни постапи, соопштија денеска од Општината, но не информираа колку постапки и против кого се отворени.

„Во рамките на своите надлежности и овластувања општина Струмица преку своите инспекциски служби во изминативе денови вршеше континуирани контроли во стопансктите субјекти и домаќинствата за да се утврди дали ги спроведуваат нормативите во нивното производство, какви енергенти користат за затоплување и колкаво е нивното влијание врз загадувањето на воздухот. По извршените контроли се утврдени неправилности и се отворени прекршочни постапки“, пишува во информацијата од општина Струмица.

Општинските служби информираа дека од анализите кои се правени се покажало дека во најголем дел загадувањето на воздухот се должи на употребата на несоодветни фосилни горива за загревање како што се иверки, стар намештај, моторно масло, прехранбено масло, пластика, гуми и други несоодветни горива

Фото: shutterstock

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!