(Фото) Итно е потребна помoш: Другарчиња не сакаат да си играат со нас, не бркаат и ни се смеат

Во тетовското село Јанчиште, во мала трошна куќа живее петчлено семејство со три дечиња без нормални услови за живот.

„Татко поради нарушено здравје не може да работи, а нема никакви примања, мајката работи кога ќе најде нешто и е без постојана работа. Едната ќеркичка, кај која поради недоволно средства за соодветно лекување во застој е физичкиот развој, за да напредува и изгледа како нејзините врсници неопходна е посебна нега и редовни посети на лекар. Семејството има уште две други дечиња“ се вели во апелот на социјалните мрежи.

Деветгодишното момче раскажува дека имаат другарчиња, но не се дружат со нив, бидејќи нема каде да дојдат, а мислат дека тие не ги сакале.

„Не ги викам, ми се смеат, ме бркаат и не играат со мене и секогаш кога купуваат на одмор за да јадат мене не ми даваат ништо“, додава малата сестричка.

На ова семејство потребна е помош околу условите дома, кречење, санирање на тоа што треба, да им се обезбеди нешто од покуќнина, облека, храна, а за мајката потребна е работа.

За помош јавете се на  078/223-095 или во инбокс.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.