Приведени четворица кои со метал-детектор барале скриено богаство во дебарско

1200 Views Јануари 15, 2018 Локално Никола Осило

Четворица државјани на Република Македонија пет минути по полноќ во селото Долгаш во општина Центар Жупа биле затекнати како вршат ископ на дупка во димензиии два на два метри широчина и длабочина од околу четири метри, соопшти МВР.

Тие со себе имале метал-детектор. По наредба на јавен обвинител, лицата биле приведени во полициската станица Дебар за расчистување на настанот.

Фото: bloglet.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!