Ни требаат повеќе пратеници како Ферид Мухиќ

2636 Views Јануари 16, 2018 Мој став Никола Осило

Македонските граѓани се сведоци дека во изминативе десетина години Собранието наликуваше на аморфна маса во која пратениците цитираа претходно напишани говори од нивните партиски кујни, а размислувањето со сопствена глава беше вистинска реткост.

Наместо да бидат контролори на Владата, повеќе пратенички состави функционираа како гласачка машина и ја исполнуваа владината агенда без оглед колку таа одеше во прилог на интересите на граѓаните чиј глас во Собранието го застапуваат токму пратениците.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Членот 8 од Договорот со Бугарија задира во македонскиот идентитет

Сите детали: Што содржи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија 

Затоа, вчерашниот потег на пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ кој гласаше воздржано за Договорот за добрососедство со Бугарија е големо изненадувње на домашната политичка сцена.

Мухиќ образложи дека нема да гласа за ратификување на договорот, бидејќи тој е асиметричен односно дека само Македонија прави отстапки кога се во прашање националните интереси.

Времето ќе покаже дали Мухиќ бил во право, но без да се навлегува во причините за неговата одлука, неговиот потег укажува на самосвесност и застапување личен став за одредено прашање што е вистинско освежување во македонската политичка бара во која претежно пливкаат полтрони неспособни да се одделат од партиското стадо.

Фото: Фејсбук/Ферид Мухиќ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!