Евентуалната промена на името ќе чини милиони евра

Од сите страни пристигнуваат оптимистички најави дека годинава ќе се најде решение за името со Грција, иако на многумина во Македонија не им е јасно како тоа ќе изгледа и како ќе помине кај народот и кај нас и кај Грците.

Грчката страна за сега цврсто стои на своите црвени линии, што значи дека тие освен ново име, бараат истото за биде за севкупна употреба, што значи промена и на Уставот и личните документи. Како што е познато нашиот јужен сосед не ги признава и нашите пасоши.

Македонските политичари, освен што се оптимисти, не ги откриваат своите адути во преговорите, а премиерот Зоран Заев неодамна во интервју за грчката телевизија Алфа, рече дека ние немаме црвени линии.

Евентуалната промена на уставното име ќе значи и трошење на многу пари. Милиони евра ќе бидат потребни само за промена на личните документи. 

Дали ќе дојде до тоа, и дали некој веќе „намирисал“ голем бизнис, ќе биде појасно напролет.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.