Брисел ќе ја намалува цената на роаминг со Западен Балкан

Телекомуникациските оператори кои работат на полето на Западен Балкан да ја истражат можноста за намалување на цената на роамингот со земјите од Европската унија. Ова била темата на разговор на состанкот на претставници од Европската комисија и телекомуникацискиоте оператори од Западен Балкан кој што се одржа вчера во Европската комисија.

Состанокот бил во организација на комесарката Марија Габриел задолжена за дигитална економија и општество и се разговарало за телекомуникацискиот пазар на Западен Балкан.

-Бараме од компаниите во регионот да ги истражат можните опции како што се доброволни комерцијални договори или други, за да се намалат цените за роаминг со земјите од Западен Балкан. Компаниите се договорија своите предлози да ги разгледаат со Комисијата во текот на наредните недели, изјави портпаролот на Европската комисија Натали Вандајстат.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.