(ВИДЕО) 10 години од смртта на Кљусев, првиот премиер на Македонија: Како изгледаше објавувањето на монетарното осамостојување

855 Views Јануари 16, 2018 Ретро Редакција Емагазин

Пред десет години на денешен ден почина академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Република Македонија (1991-1992) кој имаше значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава.

Никола Кљусев (1927-2008)  во родниот Штип ги завршил основното и средното образование. Како ученик (1942-1945) учествувал во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија. Во 1947 година заминал на студии на Економски факултет во Белград, каде што бил уапсен и испратен на Голи Оток, поради што две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година.

Кариерата ја почнал како асистент на Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија, а од 1972 година бил редовен професор на Економскиот факултет во Скопје. Во 1989 година бил избран за член на МАНУ, каде што бил претседател на Советот за демографски истражувања. За својата научна активност носител бил на највисоката републичка награда „11 Октомври“ и на голем број други награди и признанија во земјата и во странство. Кљусев почина на 16 јануари 2008 година на 80-годишна возраст. 

Во Ретро Ве потсетуваме како изгледаше неговиот говор во кој го објави монетарното осамостојување на Македонија:

Видео: МТВ/Златко Неделковски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.